четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Промоцијата на дресот покажа дека Гризман заминува од Барселона 🎥

Промоцијата на дресот покажа дека Гризман заминува од Барселона 🎥

Францускиот фудбалер Антоан Гризман најверојатно ќе го напушти тимот на Барселона и ќе се врати во Атлетико Мадрид, додека во Каталонија ќе се пресели Саул Нигез.

Доказ дека Гризман ќе го напушти клубот стигна и на денешното претставување на резервниот дрес на каталонскиот клуб, а во видеото не се појави францускиот фудбалер, иако беше еден од главните манекени кој се фотографираа во овој дрес.

Исто така, Гризман реши да не се враќа повеќе во Барселона. Тој нема да тренира со тимот и ќе почне подготовки во дресот на Атлетико, каде што се враќа по две години.

Барселона во 2019 година го купи Гризман за сума од 120 милиони евра, но Французинот не блескаше во редовите на каталонскиот гигант. Тој одигра вкупно 99 меча и постигна 35 гола.