Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на вториот меч на македонската фудбалска селекција на ЕП и мечот со Украина.
Судијата Фернандо Андрес Рапалини од Аргентина ќе биде главен арбитар. Тој е единствениот судија кој е надвор од Европа на ова Европско првенство и што се случува за првпат во историјата.
Негови помошници ќе бидат Хуан Пабло Белати и Диего Бонфра. Четврт судија е Славко Винчиќ од Словенија. Делегат ќе биде Ротем Камер од Израел.