Поранешниот хрватски репрезентативец, Дарио Срна, првпат ќе се испроба во тренерските води и започнува нова етапа во кариерата.
Познатиот спортски новинар, Фабрицио Романо, објави дека Хрватот ќе биде нов тренер на украинскиот Шахтјор Доњецк и веднаш ќе има можност да работи на исклучително високо ниво.
Срна е легенда на Шахтјор и токму во тој клуб мина најголем дел од својата кариера, а навивачите со воодушевување ја прифатија информацијата и се надеваат на големи успеси со новиот предводник.
Украинскиот тим ја прекина соработката со холандскиот тренер, Патрик Ван Леувен, кој го предводеше тимот само на 13 натпревари.