сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Први реванш осминафинални натпревари во ЛШ

Први реванш осминафинални натпревари во ЛШ

Првите четвртфиналисти во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) ќе бидат познати вечерва по одигрување на реванш осминафиналните натпреварите меѓу Бенфика – Клуб Бриж и Челзи – Борусија Дортмунд.

Лондонски Челзи од 21 часот на „Стемфорд Бриџ‘ ја пречекува Борусија која победи на сите натпревари од почетокот на оваа година и има предност од 1-0 од првиот натпревар во Дортмунд.

Во истиот термин на дуелот во Лисабон, домашната Бенфика е на чекор до пласман меѓу осумте најдобри екипи во ЛШ, откако на гостувањето во Бриж пред три недели победи со 2-0.

Две реванш осминафинални пресметки се на програмата и утре меѓу Тотенхем – Милан (0-1) и Баерн Минхен – ПСЖ (1-0).