вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Првиот човек на францускиот фудбал си поднесе оставка

Првиот човек на францускиот фудбал си поднесе оставка

Претседателот на Француската фудбалска федерација (ФФФ) Ноел Ле Грае поднесе оставка, после 11 години на чело на францускиот фудбал.

81-годишниот Ле Грае реши да се повлече откако ревизијата на Владата покажа дека тој повеќе нема легитимитет да ја води Федерацијата поради несоодветното однесување кон жените и неговиот начин на управување.

Ла Грае, исто така, се наоѓа и на Суд поради вознемирување на неколку француски репрезентативки, а тужбата ја поднесе Соња Суид.

До јуни 2023 година прв човек на фудбалскиот сојуз ќе биде Филип Диало, по што ќе има претседателски избори.