понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Првиот човек на ПСЖ: Го почитуваме Финансискиот фер-плеј во секој поглед

Првиот човек на ПСЖ: Го почитуваме Финансискиот фер-плеј во секој поглед

ПСЖ на располагање има вистински дрим-тим. Јавноста се прашува како францускиот клуб може да си дозволи еден ваков состав со исклучително скапи ѕвезди и понатаму да биде во рамки на Финансискиот фер-плеј на УЕФА.

Староседелците Нејмар и Килијан Мбапе се едни од најплатените фудбалери во светот, а тимот летово ги доведе Лионел Меси, Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума, Ашраф Хакими и Џорџињо Вајналдум.

На денешната прес-конференција првиот човек беше запрашан токму за „ФФП“ и изјави дека клубот секогаш ги следи правилата.

-Го очекував ова прашање и ви благодарам на тоа. Ние го почитуваме Финансискиот фер-плеј уште од првиот ден. Пред да направиме потег, ние се консултираме со нашиот финансов тим, кој ги проверува сите работи. Имавме капацитет да потпишеме со Меси и сме во рамки на Финансискиот фер-плеј. Ние секогаш ќе ги следиме правилата, рече Насер Ал-Келаифи.