ПСЖ е нов фудбалски шампион во Франција, но овој тим ќе мора да ги одработат преостанатите три натпревари без првата звезда Лео Меси.
Се чини дека аргентинскиот фудбалер пред натпреварот со Троја, тренирал одвоено од остатокот од екипата, затоа што не се знае уште дали ќе игра денес.
Аргентинецот се пожалил на болки во ребрата, а за денес најавиле нови испитувања, по кои ќе знаат подетално за евентаулната повреда на Меси.
„Лео Меси одработи тренинг, индивидуален пред се, затоа што почувствувал болка во ребрата. Во недела ќе знаеме по прегледите дали тој ќе може да игра сезонава уште некој натпревар“, порачаа од клубот.