петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ дава 50+10 милиони евра за Шкрињар, Интер бара 80 милиони

ПСЖ дава 50+10 милиони евра за Шкрињар, Интер бара 80 милиони

ПСЖ се обидува да преговара со Интер за трансфер на дефанзивецот Милан Шкрињар. Според „Л’Екип“ францускиот клуб понудил 50+10 милиони евра за 27-годишниот фудбалер.

Интер ја одби оваа понуда, бидејќи не сака да го продаде Шкрињар на помалку од еден ден пред затворањето на преодниот рок.

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи во моментов преговара директно со претседателот на Интер, Стивен Жанг. Италијанскиот клуб може да се согласи на продажба само доколку на Милан му бидат понудени 80 милиони евра. Денеска би можела да дојде нова понуда од ПСЖ.

Важноста на договорот на Шкрињар со Интер е со важност до летото 2023 година, па ПСЖ може да почека до јануари и да се договори за трансферот на дефанзивецот како слободен играч.