понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ демантира: Далеку сме од бројката на продадени дресови за која се шпекулира

ПСЖ демантира: Далеку сме од бројката на продадени дресови за која се шпекулира

Пристигнувањето на Лионел Меси во ПСЖ предизвика големо внимание кај фудбалската јавност.

Фановите на францускиот гигант се уште се во еуфорија по потписот со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и голем број од нив одлучија веднаш да го купат дресот со број 30 што Лео ќе го носи во Париз.

Претходните денови се појави информација дека францускиот клуб продаде повеќе од 800.000 дресови на аргентинскиот фудбалер, некои дури споменаа и милион бројки, но се покажа дека овие бројки не се точни.

Фабиен Алегре, маркетинг директор во парискиот клуб, ги отфрли наводите за овие бројки.

“Лудо е воопшто да се зборува за такви бројки. Вистина е дека продажбата е навистина феноменална, подобра од било кога, но ние сме далеку од продажба на милион дресови”, изјави Алегре, додавајќи: Договорот со Меси беше завршен многу брзо. Ние исто така реагиравме брзо, но работиме со нашите партнери да имаме доволен број дресови на пазарот. Ние не сме волшебници”.