четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ експресно го замени Почетино, го промовира Кристоф Галтие

ПСЖ експресно го замени Почетино, го промовира Кристоф Галтие

Екипата на Пари Сен Жермен денес објави дека се раздели со Маурицио Почетино, а веднаш беше промовиран и неговиот наследник. Нов шеф на стручниот штаб на парижани ќе биде Кристоф Галтие.

Досегашниот предводник на Ница се сели од Азурниот брег во престолнината на Франција и парафира соработка со „светците“ до 2024 година. Галтие беше тренер на Ница во минатата сезона, ја водеше екипата на 43 натпревари и освојуваше во просек по 1,84 бода. Тој претходно работеше четири години во Лил, а најдолго седеше на клупата на Сент Етјен, од 2009 до 2017 година.

55-годишникот ќе го наследи Почетино, ќе има тешка задача да ја контролира соблекувалната која е преполна со ѕвезди, а и целите на ПСЖ се огромни. Примарна цел е напад на трофејот во Лигата на шампионите, воедно со освојувањето на трофеите во Франција.