недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ го донесе првото засилување, наскоро доаѓаат уште тројца фудбалери

ПСЖ го донесе првото засилување, наскоро доаѓаат уште тројца фудбалери

Францускиот шампион ПСЖ го официјализира првиот трансфер, тоа е Португалецот Витиња. ПСЖ за Витиња плати 40 милиони евра на Порто, а фудбалерот треба да потпише петгодишен договор.

Витиња минатата сезона „експлодира“ во дресот на Порто со кого ја освои двојната круна и го сврте вниманието на најбогатите европски екипи од кои најбрз и најконкретен беше ПСЖ со што новиот тренер Кристоф Галтие и официјално го доби првото засилување.

ПСЖ со Витиња го започна шопингот пред следната сезона, а до крајот на преодниот рок се очекува на „Паркот на принцевите“ да пристигнат уште три засилувања со кои францускиот тим ќе атакува на трофејот во Лигата на шампионите.

Францускиот тим преговара со Интер за трансферот на Мартин Шкринијар кој треба да ја засили одбраната на ПСЖ. За Шкринијар да пристигне на „Паркот на принцевите“, потребно е ПСЖ да издвои 70 милиони евра.

Заедно со Шкринијар од Серија А во Париз би можел да пристигне и напаѓачот на Сасуоло, Џанлука Скамака. Сасуоло бара 40 милиони евра, ПСЖ нуди 10 милиони помалку, но се очекува двата тима да дојдат до договор.

Последно засилување за ПСЖ во летниот преоден рок треба да биде Ренато Санчез од Лил. Португалецот беше пред договор со Милан, но ПСЖ понуди подобри услови и за Лил и за Санчез по што се очекува во наредните денови Португалецот да потпише за францускиот тим.