вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ и Манчестер јунајтед во трка по Лаутаро Мартинез

ПСЖ и Манчестер јунајтед во трка по Лаутаро Мартинез

Според „Газета дело Спорт“, ПСЖ и Манчестер јунајтед се силно заинтересирани за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.

Лаутаро одигра одличен меч на Камп Ноу против Барселона и повторно ги активира шпекулациите за неговата иднина.

Денешното издание на „Газета дело Спорт“ пишува дека и ПСЖ и Манчестер јунајтед го контактирале агентот на Лаутаро, Алехандро Камањо, тоа се случило брзо по мечот на Камп Ноу.

Лаутаро засега не е заинтересиран за заминување од Интер, фокусиран е на италијанскиот клуб и на настапот на Светското првенство во Катар.

ПСЖ ќе се обиде да го искористи пријателството на Меси за да го донесе Лаутаро, но тоа веројатно ќе има ефект само доколку Лео продолжи во францускиот клуб.

Манчестер јунајтед сака сериозно засилување во нападот, Роналдо ја игра последната сезона таму, но е далеку од својата препознатлива форма.