четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ им даде отказ на двајцата, а Тухел и Емери ја покорија Европа

ПСЖ им даде отказ на двајцата, а Тухел и Емери ја покорија Европа

Унаи Емери и Томас Тухел добија откази од ПСЖ поради слаби резултати, а оваа сезона двајцата ја покорија Европа.

Тухел синоќа со Челси ја освои Лигата на шампионите, откако неговиот тим во финалето во Порто го победи Манчестер Сити со 1:0. Прв трофеј во Лигата на шампиони за Тухел, втор за Челси.

Тухел доби отказ од ПСЖ откако кон крајот на минатата година јавно го критикуваше раководството на клубот.

Клубот претходно му врачи отказ на Емери кој оваа сезона ја освои Лига Европа.

Емери и Виљареал по пенал рулетот во финалето во Гдањск ја победи екипата на Манчестер Јунајтед.