Пари Сент Жермен сака да го задржи Лео Меси и е во напредни преговори за продолжување на договорот.
ПСЖ веќе спремил понуда за продолжување на договорот, а француските медиуми откриваат дека станува збор за 1+1 години и плата од 30 милиони евра по сезона.
Меси има договор со „светците“ до крајот на сезоната, па иако Барселона сака да го врати, сепак ПСЖ нема да се откаже лесно.
Меси ќе донесе одлука за својата иднина по Светското првенство во Катар, а во Франција се сигурни дека ќе ја прифати понудата на ПСЖ и дека се чуствува одлично во Париз.