четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ притиска за Рамос, двете страни се блиску до договор

ПСЖ притиска за Рамос, двете страни се блиску до договор

Францускиот прволигаш, Пари Сен Жермен е на добар пат да добие уште едно големо засилување за наредната сезона.

Клубот од Париз се впушти во акција и ги интензивира разговорите со Серхио Рамос кој уште денеска официјално е под договор со Реал Мадрид. „Светците“ и луѓето од таборот на стоперот водат преговори кои можат да се заокружат веќе наредните денови.

Има само една пречка е должината на договорот, ПСЖ нуди едногодишен, Рамос сака двегодишен и како што стојат работите решението може да биде една година со опција за уште една дополнителна сезона.

На ветеранот му е порачано дека ќе мора да се избори за место во стартната постава затоа што тука се Кимпембе и Маркињос. С

Според „Марка“ уште два клуба покажуваат интерес за Шпанецот, ама ПСЖ во моментов е најблиску за да ги одбележи неговите услуги.