ПСЖ нема да седи со скрстени раце и наредното лето планира да му сервира одмазда на Реал Мадрид.
Шпанскиот гигант е причината поради која Килијан Мбапе одби шест понуди за нов договор со „принцевите“. Тоа наводно ги вознемири газдите на францускиот гигант, кои имаат „пеколен“ план за летото 2022. Според најавите од Франција, ПСЖ ќе тргне по потписите на Ерлинг Халанд и Пол Погба. Тоа се двете желби на Флорентино Перез, покрај Мбапе.
Познато е дека тимот од Париз не штеди кога се во прашање новите засилувања. Така се очекува да биде и наредното лето, кога Маурисио Почетино ќе добие уште неколку нови членови на ѕвездениот тим.
Халанд ќе може да замине за 75 милиони евра, а Погба ќе биде слободен играч, ако до наредното лето не потпише нов договор со Манчестер Јунајтед.