недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ во тесно: Ако го прифати барањето на Меси, Париз и Франција ќе „горат“

ПСЖ во тесно: Ако го прифати барањето на Меси, Париз и Франција ќе „горат“

Лео Меси наводно побарал од ПСЖ да го покаже трофејот од Светското првенство на „Паркот на принцовите“, лидерите на клубот се плашат дека еден ваков потег ќе има многу негативни импликации.

По триумфот на мундијалот во Катар, Лео Меси сега ќе одлучи за својата иднина и вчера се појавија информации дека начелно е договорено тој да продолжи со ПСЖ.

Но „светците“ се ставено во тесно, Аргентинецот наводно побарал да го покаже трофејот од Светското првенство на „Паркот на принцовите“.

Лидерите на клубот не сакаат да ја разочараат својата ѕвезда но во исто време се плашат дека еден ваков потег ќе има негативни импликации.

Аргентина во финалето триумфираше токму над Франција, па Лео Меси како гордо го покажува трофејот среде Париз сигурно нема да им се допадне на луѓето ширум земјата. Исто така, може да биде повредено и егото на Килијан Мбапе, кој не само што остана разочаран по хет-трикот во финалето, посојано беше навредуван при прославата на „гаучосите“.