четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ за седум минути продаде 150.000 дресови со името на Меси

ПСЖ за седум минути продаде 150.000 дресови со името на Меси

Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи на презентацијата рече дека клубот веќе заработил голем дел од вложените пари. Францускиот клуб добива 10 проценти од вкупната продажба, што изнесува 1,6 милион евра.

Аргентинскиот „магионичар“ Лионел Меси ја напушти Барселона по 21 година и во вторникот потпиша двегодишен договор со париските „светци“ вреден дури 70 милиони евра.

Секако, корист ќе имаат и Парижаните, а нивната онлајн клупска продавница продаде дури 150.000 дресови со името на Меси за рекордно време. Продажбата на дресовите на Интернет започна во вторникот во 23.00 часот, а сите дресови беа распродадени за седум минути.

Откако Меси потпиша за ПСЖ, голем број на навивачи чекаа во ред за да купат дрес со неговото име и број 30, а само на неколкумина им успеа. Побарувачката е толку голема што Парижаните исто така работат прекувремено, за фановите да уживаат во дресовите со името на новата ѕвезда во екипата.

Цената на дресот е 108 долари, што значи дека парижаните заработиле 16,2 милиони евра од продажбата на 150.000 дресови. Според францускиот весник „Л`Екип“, ПСЖ добива само 10 проценти од продажбата, што изнесува 1,6 милиони евра.

На официјалната презентација на Меси, сопственикот на ПСЖ, Ал-Келаифи рече дека „клубот веќе заработил голем дел од парите што ги вложил“ и дека тој самиот не може да поверува на сумата што ја видел во фан шопот.