Капитенот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган е слободен фудбалер по крајот на сезоната и најверојатно ќе ја смени средината.
„Мундо Депортиво“ пишуваше дека Гундоган веќе се договорил со Барселона и како ново засилување на Каталонците ќе биде промовиран откако ќе заврши финалето во Лигата на шампионите.
Но, „Л’Екип“ има друга приказна, францускиот весник тврди дека ПСЖ се пуштил во офанзива по потписот на Гундоган и има намера да ѝ го украде на Барселона.
ПСЖ му нуди значително поголема плата на Гундоган од таа што би ја имал во Барселона. Тоа е главниот адут на Французите.