вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ ќе го менува Мбапе со ѕвезда на Барселона?!

ПСЖ ќе го менува Мбапе со ѕвезда на Барселона?!

Неколку извори од Шпанија пренесуваат дека ПСЖ ќе тргне по потписот на Осман Дембеле од Барселона доколку Килијан Мбапе биде продаден на Реал Мадрид.

Килијан Мбапе нема намера да ја продолжи соработката со ПСЖ, па „светците“ прават голем притисок за напаѓачот да биде продаден до крајот на летото.

Шампионот на Франција прифати 300 милиони евра од Саудиска Арабија, но Килијан Мбапе не сака да слушне за трансфер во Ал Хилал, се верува дека тој на ум има само преселба во Реал Мадрид.

Денеска се појавија информации дека „светците“ преку мајката на Килијан Мбапе ги информирале „кралевите“ дека се потребни 250 милиони евра за трансфер и се говори дека наскоро може да биде постигнат компромис.

Неколку извори од Шпанија пренесуваат дека ПСЖ веќе на ум го има Осман Дембеле од Барселона како замена за Килијан Мбапе, за зделката зелено светло дал и тренерот Луис Енрике.

Во договорот на Осман Дембеле има откупна клаузула која изнесува 50 милиони евра до крајот на јуни, потоа во август скока на 100 милиони евра.

Се шпекулира дека Барселона е подготвена да преговара и да прифати помала сума со цел да прибере пари за засилување на тимот.