Офанзивниот играч на Челзи, Хаким Зијеш би можел да го напушти Стемфорд Бриџ во последниот ден од зимскиот преоден рок.
Францускиот “Лекип” пренесува дека ПСЖ сака да го ангажира мароканскиот репрезентативец кој е во втор план на менаџерот на сините Греам Потер и дека преговорите се веќе започнати.
Зијеш дојде во Челзи од Ајакс во летото 2020 година за 40 милиони евра, но оваа сезона помина само 610 минути на теренот и нема ништо против менување клубови.
Парижаните изминативе денови работеа на ангажирање на Малком од Зенит, а кога пропаднаа преговорите со рускиот клуб се свртеа кон Зиеш.