Францускиот фудбалски шампион ПСЖ се извади со Лил, беше пред пораз, но со голови на Мбапе и Меси во самиот финиш од мечот дојде до победа од 4-3.
Сепак оваа победа не значи ништо за „животот“ на Галтие, на него ќе му се суди по реванш натпреварот против Баерн Минхен.
Се верува дека доколку ПСЖ биде елиминиран од Лигата на шампионите од Баерн Минхен, Галтие ќе добие отказ.
Сега за најсериозен кандидат за негов наследник се споменува Томас Тухел кој доби отказ во 2020 и потоа веднаш со Челси ја освои Лигата на шампионите, трофејот по кој сонуваат газдите на ПСЖ.