Пари Сен-Жермен е заинтересиран за Федерико Киеза како замена за Нејмар.
Јувентус е подготвен да го продаде 25-годишниот офанзивен играч за врска и сака да добие 50-60 милиони евра за него, пишува „La Gazzetta dello Sport“.
Договорот на Киеза со клубот од Торино е со важност уште две сезони. Забележано е дека играчот е разочаран од позицијата на која беше поставен од страна на тренерот Масимилијано Алегри.
Можеби гледа позитивно на можноста да игра во Лигата на шампионите и на зголемувањето на платата.
Претходно ПСЖ го продаде Нејмар на саудискиот клуб Ал-Хилал за 100 милиони евра.