среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пулишиќ ги прифати условите, од јануари се сели во друг премиерлигаш

Пулишиќ ги прифати условите, од јануари се сели во друг премиерлигаш

Американскиот фудбалер Кристијан Пулишиќ не е задоволен од статусот кој го има во екипата на Челзи.

Поради тоа офанзивецот во изминатиот период работи на трансфер надвор од Лондон. Англиските медиуми пишуваат дека тој се договорил со својот нов клуб.

Од јануари се очекува 24-годишникот да го засили Њукасл Јунајтед. „Страчките“ за него наводно одвоиле 40 милиони евра.

Пулишиќ, кој игра во лондонскиот гигант од 2019 година кога пристигна од Борусија Дортмунд за 64 милиони евра, стартуваше само на два натпревари во Премиер лигата оваа сезона и постигна само еден гол во сите натпреварувања.