Фудбалерката на Барселона, Алексија Путељас, направи голем подвиг и ја одбрани престижната Златна топка која ја доделува Франс Фудбал.
Путељас го пропушти ЕП затоа што доживеа тешка повреда и ја скина Ахиловата тетива на еден ден пред турнирот, но беше одлична во дресот на Барселона. Фудбалерката на Каталонките заврши како најдобар стрелец во ЛШ.
Барселона дојде до финалето, каде загуби од Лион. Путељас во сезоната даде 11 гола на десет натпревари, а во шпанската лига таа беше неверојатна, 18 гола и 15 асистенции на 26 натпревари.
Импресивно е што Путељас успеа да ја одбрани Златната топка која ја освои лани. Шпанката е единствената фудбалерка со две Златни топки. Претходно, за оваа награда победуваа Ада Хегеберг и Меган Рапино.