недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рабио го напушта Јувентус: Сакам да играм во ЛШ

Рабио го напушта Јувентус: Сакам да играм во ЛШ

Францускиот репрезентативец Адриен Рабио изјави дека сака да ја продолжи кариерата во тим кој игра во Лигата на шампионите. Договорот на играчот од средниот ред со „бјанконерите“ истекува на лето, а тој призна дека се уште не се разговарало за негово продолжување.

„Сакам да играм во Лигата на шампионите, тоа ќе биде важна точка во одлуката што ќе ја донесам“, изјави Рабио.

„Разговори со Јувентус? Во моментов нема, но имаме време. Нема новости во оваа фаза“, додаде францускиот играч за врска.

Адриен Рабио беше донесен во Јувентус во 2019 година од ПСЖ на слободен трансфер.