понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Работнички спогодбено се раздели со тренерот Илиевски

Работнички спогодбено се раздели со тренерот Илиевски
ФОТО:МИА

Милан Илиевски веќе не е шеф на стручниот штаб на ФК Работнички. По вчерашниот пораз (3:0) од Шкупи клубот постигна спогодбен раскин на договорот.

– Клубот му се заблагодарува на Милан Илиевски за досегашната напорна работа и му посакува среќа во понатамошната кариера. Во наредните денови ќе биде донесена одлука кој ќе го предводи тимот во наредниот период, информира ФК Работнички.

Прволигашот од „Дебар маало“ во следното 13. коло на домашен терен ќе го пречека Силекс.