Кристал Палас го отпушти менаџерот Патрик Виеира, а англиските медиуми веќе на големо шпекулираат кој би можел да го наследи Французинот на позицијата.
Шпанскиот стручњак Рафаел Бенитез, кој има огромно искуство во Премиер – лигата, е наведен како прв фаворит за преземање на тимот кој е во многу лоша форма. Тој наводно е голема желба на челниците на клубот.
Бенитез е без работа од јануари 2022 година, кога доби отказ од Евертон. Кристал Палас е на 12. место во Премиер – лигата со само три бода повеќе од Борнмут, кој е на 18. позиција и е прв под „линијата“.