Рахим Стерлинг наводно се согласил да се пресели во Челзи. Останува уште Манчестер Сити да ја прифати конечната понуда од лондонскиот тим.
Англискиот репрезентативец договорил лични услови кои ќе го направат најплатен играч на „сините“. Моментално таа титула му припаѓа на Н’Голо Канте.
Премиерлигашот од „Стемфорд Бриџ“ се надева дека наскоро ќе биде комплетиран трансферот, со цел офанзивецот да биде дел од турнејата на екипата во Соединетите Американски Држави.
27-годишникот одамна не е во плановите на Пеп Гвардиола. Неодамна седна на маса со „граѓаните“, но не најде заеднички јазик, па кариерата многу веројатно ќе ја продолжи во Лондон.