Агентот на Пол Погба, Мино Рајола вели дека нема информации поврзани со продолжувањето на договорот со Манчестер јунајтед и ги упати новинарите да го прашаат клубот.
Договорот на Пол Погба со Манчестер јунајтед истекува по крајот на оваа сезона и неизвесно е дали ќе го продолжи или ќе замине.
Погба во голем стил ја почна новата сезона и се чинеше дека само прашање на време е кога ќе стави потпис на нов договор, но во меѓувреме работите се променија.
Тој го загуби местото во првиот тим и на последните натпревари на Манчестер јунајтед влегува од клупата. На последниот меч, дуелот со Ливерпул направи и глупост откако доби директен црвен картон.
Сега Погба повторно се поврзува со заминување од Манчестер јунајтед, а на Рајола не му се зборува многу на оваа тема.
„Треба да го прашате Манчестер јунајтед за продолжување на договорот на Погба. Во овој момент се е мирно. Нема нови моменти“, изјави Рајола.
Веројатно влијание врз одлуката на Погба ќе има и наследникот на Оле Гунар Солшер кој се очекува наскоро да пристигне.