петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ракитиќ: Зад нас е холивудска приказна за сезоната, треба да се запали цел град

Ракитиќ: Зад нас е холивудска приказна за сезоната, треба да се запали цел град

Екипата на Севиља по седми пат ја освои Лигата на Европа, откако во финалето ја совлада Рома по изведување на пенали (4-1). Трофејот на „Пушкаш Арена“ го крена капитенот Иван Ракитиќ. Хрватот по натпреварот беше пресреќен и не го криеше задоволството, а даде интересна ретроспектива на сезоната.

„Чувството во ова натпреварување е посебно. Кога ќе видиме дека на патот ги исфрливме ПСВ, Фенербахче, Манчестер Јунајтед, Јувентус и сега Рома… Тоа делува како Лига на шампиони, повеќе од Лига на Европа. Сите ги добивме со голем стил, немам избор освен да им честитам на соиграчите и навивачите. Одигравме тешка сезона, а ја завршивме на фантастичен начин. Треба да се запали цел град.

Кога би се правела приказна за сезоната, нашата би била холивудска. Со трет тренер, толку многу проблеми, караници, имаше сè… На крајот одигравме одлични два месеци и можам да кажам дека е штета што сезоната завршува“, изјави Ракитиќ.

Освен титулата, оваа победа значи и место во Лигата на шампионите следната сезона и тоа место во првиот шешир при ждрепката.