петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ракитиќ задоцни на официјалниот тренинг пред финалето и ги изнасмеа соиграчите (ВИДЕО)

Ракитиќ задоцни на официјалниот тренинг пред финалето и ги изнасмеа соиграчите (ВИДЕО)

Пристигнувањето на Мендилибар на клупата на Севилја значеше и враќање на Иван Ракитиќ во стартната постава на овој тим, нешто што се покажа како вистински погодок во овој завршен дел од сезоната.

Севилја се бореше за опстанок во Ла Лига пред доаѓањето на искусниот стручњак, но не само што лесно обезбеди прволигашки статус, Мендилибар го однесе тимот и во големото финале во Лигата на Европа.

Ракитиќ како еден од најискусните се очекува да има важна улога на теренот вечерва во Будимпешта, но во најавата за финалето, го привлече вниманието со својот потег на последниот тренинг.

Вчера двата тима имаа можност да ја почувствуваа за првпат „Пушкаш арената“, а тренингот на Севилја започнал со мало одложување.

Ракитиќ задоцнил на предвидениот тренинг и направил да биде чекан од целиот стручен штаб и соиграчите, па приреди необична ситуација која ги насмеа сите на теренот.