Раководството на Милан очигледно доста паметно работи на трансфер пазарот и наоѓа фудбалери кои нема да ги чинат многу, а им носта дополнителен квалитет во тимот.
Таков ќе биде случајот и со играчот на Клуб Бриж, Чарлс Де Кетелаере кој веќе извесен период се поврзува со трансфер меѓу „росонерите“.
21 годишниот фудбалер одигра одлично минатата сезона во дресот на Клуб Бриж и со своите партии го привлече вниманието на поголемите екипи.
Според Фабрицио Романо веќе е постигнат договор со играчот за неговите лични примања, а утре ќе треба да биде „испеглан“ и договорот помеѓу двата клуба.
Се верува дека Милан за Де Кетелаере кој е нвоопечен белгиски репрезентативец ќе плати сума од околу 30 милиони евра.