Ралф Рангник кажа дека нема намера да стане селектор на Германија, откако Ханси Флик беше отпуштен по лошите резултати.
Германската фудбалска федерација бара нов селектор, а еден од кандидатите беше поранешниот тренер на Манчестер јунајтед.
„Нема шанси за такво нешто. Пред 14 месеци решив да работам како селектор на Австрија и за мене нема друга опција“, кажа Рангник.