Младинскиот репрезентативец во фудбал на Македонија, Решат Рамадани и официјално е нов член на украинскиот великан Динамо Киев. Досегашниот играч на Шкендија беше претставен во новата средина во која ќе го носи дресот со бројот 92.
Се работи за најтрофејниот клуб од Украина, клуб во кој 19-годишниот Решат ќе има можност да напредува, да се развива под водство на легендарниот Мирчеа Луческу.
Шкендија ќе добие обештетување за оваа операција, а ќе заработи и 15 проценти и од следниот трансфер на играчот за врска.