сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рамос: Не постои судење „по желба“

Рамос: Не постои судење „по желба“

Португалскиот судија Карлос Рамос се најде во центарот на вниманието, откако во финалето на Ју-Ес опен имаше вербален судир со Серена Вилијамс.

Американската тенисерка во вториот сет загуби контрола над емоциите и го искрши рекетот, а по две опомени судијата и одзеде еден поен. Потоа влезе во расправија со Рамос, кого го нарече „лажливец“ и „крадец“, а тој и одзеде цел гем.

Вилијамс по натпреварот го обвини судијата за сексизам, а во повеќе наврати нагласи дека на натпреварот се борела за женските права и половата еднаквост.

Судењето на Рамос го подели мислењето на јавноста, при што некои го поддржа и сметаат дека постапувал според правилата, а дел сметаат дека претерал.

– Тоа беше деликатна ситуација, но не постои судење „по желба“. Добро сум ако се земат предвид околностите, истакна португалскиот судија.

Вилијамс за однесувањето беше казнета со 17.000 долари, но од пласманот во финалето заработи еден милион и 850 илјади долари.

Од друга страна, ВТА соопшти дека Рамос направил некаков вид сексизам, бидејќи машките тенисери биле толерирани за некои работи за кои е санкционирана американската тенисерка.