четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Рамос потврди: Утре се збогувам со ПСЖ!

Рамос потврди: Утре се збогувам со ПСЖ!

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос утре ќе го одигра последниот натпревар во дресот на ПСЖ, по што ќе си замине од францускиот шампион.

Рамос преку социјалните мрежи потврди дека дуелот со Клермон на „Паркот на принцовите“ затоа што го напушта клубот.

„Утре ќе биде специјален ден за мене, ќе ставам крај на уште една авантура во мојот живот. Ќе се збогувам со ПСЖ. Не знам колку места можеш да ги наречеш дом, но без сомнеж Париз за мене е едно од тие места“, објави Рамос.