До минатата сезона беа најголеми ривали, но сега се соиграчи во ПСЖ и Серхио Рамос посакува Лео Меси да ја добие Златната топка.
Беше речиси незамисливо дека Серхио Рамос и Лионел Меси ќе играат во ист тим, но ПСЖ успеа да ги спои откако ги донесе двајцата како слободни фудбалери.
Рамос сега му дава поддршка на Меси за освојување на Златната топка.
„Да, се разбира дека се надевам дека Меси ќе ја освои Златната топка. Ќе ги бранам моите момци од тимот и им ја посакувам целата среќа на светот“, вели Рамос.
„Тој е во добра форма и мислам дека тој е играч кој навистина прави разлика. Посебен е и привилегија е да го имате во тимот“.
„Мислам дека малку по малку, секој од нас ќе го внесува својот квалитет и ПСЖ ќе станува уште поголем и ќе ги освојуваме работите кои сакаме да ги освојуваме“.