сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рамос се врати во Севиља

Рамос се врати во Севиља

Иако имаше богата понуда од саудискиот клуб Ал Итихад, легендарниот шпански дефанзивец Серхио Рамос ќе ја продолжи кариерата во Севиља, враќајќи се по пауза од 18 години во клубот во кој ја почна својата блескава кариера.

-Среќен сум што се вратив. Ова е посебен ден, секогаш е убаво кога се враќаш дома. Сега преостанува уште да ги минам лекарските прегледи пред да го потпишам договорот, изјави 37-годишниот Рамос по доаѓањето во Севиља.

Рамос мина една сезона во Севиља пред во 2005 година да замине во Реал Мадрид на 19 годишна возраст. Дресот на Кралскиот клуб го носеше 16 сезони во кои четири пати ја освојуваше Лигата на шампиони, а пет пати шпанската титула.

Од 2021 до 2023 година беше член на француски ПСЖ, беше без ангажман од јуни кога ги напушти редовите на клубот од Париз.