Навивачите го губат трпението со Норвежанецот, а истото важи и за челниците на клубот. Веќе на големо се шпекулира за следниот менаџер на „Олд Трафорд“, а сега во комбинација влегува и Германецот Ралф Рангник.
Германскиот стратег моментално работи во Локомотив Москва и тоа како директор на клубот, а не како тренер. Името на Рангник беше познато во јавноста, бидејќи се споменуваше како нов тренер на Милан минатата година, но Стефано Пиоли направи големи резултати со тимот, па челниците на „росонерите“ се откажаа од идејата да го ангажираат.Рангник е поранешен тренер и на Шалке, Хофенхајм, Штутгарт и Хановер.