вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Рангник го напушти Јунајтед, нема да биде ни консултант

Рангник го напушти Јунајтед, нема да биде ни консултант

Ралф Рангник нема да работи како консултант во Манчестер Јунајтед и го напушти клубот од „Олд Трафорд“.

Иако требаше да остане во улога на консултант во Манчестер јунајтед, сепак Рангник  ќе се фокусира на работата со австриската репрезентација, потврди англискиот клуб.

63-годишниот Германец беше привремен менаџер на „црвените ѓаволи“ и имаше уште двегодишен договор со клубот како консултант.

„Би сакале да му се заблагодариме на Ралф Рангник за неговата работа како преоден менаџер во последните шест месеци. Со взаемен договор, Ралф сега ќе се фокусира на репрезентацијата на Австрија и нема да продолжи со консултантската улога со клубот. Му посакуваме многу среќа во следното поглавје во неговата кариера“, соопштија од Јунајтед.