Искусниот италијански тренер Клаудио Раниери e кандидат да го замени неубедливиот Иван Јуриќ во Џенова, пишува „Газета дело Спорт“.
Тимот се соочува денеска против Наполи, а навивачите подготвуваат протест против претседателот на клубот Енрико Прециози, кој го замени Балардини со Јуриќ по одигрувањето на седум круга од сезоната во Серија „А“.
Јуриќ дебитираше силно против Јувентус, откако извлече нерешено 1:1, но голем број на слаби резултати, од кои едниот пораз со 5:0 од Интер, може да доведе до негово заминување.
Изданието додава дека Јуриќ ќе биде заменет со еден меѓу Чезаре Прандели, Давиде Никола и Раниери. Последниот клуб, предводен од Раниери во Италија, беше Интер.
МИА