Искусниот италијански тренер, Клаудио Раниери по три децении се врати во Каљари со кој ќе се обиде да ги исполни зацртаните цели.
Каљари моментно е на 12 позиција на табелата во Серија Б, а во изминатите сезони беше стабилен прволигаш, но сега резултатите не се најдобри.
Во вториот мандат во Каљари, Раниери ќе се обиде да го врати овој клуб во Серија А откако лани испадна од елитата.
Со Раниери потпиша договор до 2025 година, а веќе еднаш имаше можност да работи во овој клуб и тогаш оствари големи резултати. Го водеше Каљари од 1988 до 1991 година и успеа од Серија Ц да го однесе во Серија А, а слична задача има и сега.
Последен клуб во кој работеше Раниери беше Ватфорд, каде беше менаџер до јануари 2022 година.