вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рашфорд двоен стрелец за триумф на Јунајтед над Тотенхем

Рашфорд двоен стрелец за триумф на Јунајтед над Тотенхем

Манчестер јунајтед синоќа го совлада Тотенхем на домашен терен во натпревар од 15. коло од шампионатот на Англија со 2:1.

Стрелец на двата гола за домаќините беше Маркус Рашфорд, додека за „спарси“ погоди Деле Али.

Ова воедно беше прв пораз за Жозе Мурињо на тренерското место во Тотенхем. Последен клуб на португалскиот стручњак беше токму Јунајтед од каде доби отказ пред една година.

На другите премиерлигашки средби одиграни вчеравечер постигнати се овие резултати:
Челзи – Астон Вила 2:1
Лестер – Вотфорд 2:0
Саутемптон – Норвич 2:1
Вулвс – Вест Хем 2:0
Ливерпул – Евертон 5:2.

Води Ливерпул со 43 бода, пред Лестер кој има 35 и Манчестер сити со 32.