Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд постигна хет-трик на синоќешниот натпревар од 2. коло на групната фаза од Лигата на шампионите против Лајпциг (5:0).
Тој стана вториот играч во клупската историја кој постигнал три гола на еден натпревар како замена.
Првиот беше сегашниот тренер Оле Гунар Солскјер. Тој постигна три гола на натпреварот од Премиер лигата против Нотингем Форест во февруари 1999 година.