вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рашфорд: И ние како и навивачите силно посакуваме победа над Ливерпул

Рашфорд: И ние како и навивачите силно посакуваме победа над Ливерпул

Маркус Рашфорд ги сподели своите очекувања во пресрет на премиерлигашкиот натпревар против Ливерпул.

За Јунајтед сезоната почна разочарувачки со два пораза, а тоа предизвика гнев кај навивачите кои очекуваа многу повеќе.

– Сакате да го победите секој противник, но кога играте против Ливерпул и Сити, сакате да докажете зошто го претставувате Манчестер јунајтед. Победата над Ливерпул ме прави да ги чувствувам истите емоции како во младоста, изјави Англичанецот.

Рашфорд исто така побара од навивачите да му дадат поддршка на тимот на претстојниот натпревар.

-Колку што се сеќавам, кога го победивме Ливерпул, навивачите ни помогнаа многу. Натпреварите се секогаш тешки, и физички и емотивно, па дефинитивно ќе ни биде потребна поддршка од трибините. И ние многу сакаме да го победиме Ливерпул исто како и нашите фанови, потенцира напаѓаџот на Јунајтед.

Натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул ќе се игра утре (22 август) со почеток во 21 часот.