четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рашфорд под водство на Тен Хаг го покажува најдобриот учинок во кариерата

Рашфорд под водство на Тен Хаг го покажува најдобриот учинок во кариерата

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, под водство на тренерот Ерик тен Хаг го покажува најдоброто издание во кариерата.

Фудбалерот во просек постигнува голови на секои 140 минути со холандскиот специјалист на тренерската позиција – 13 гола за 1.821 минута.

Рашфорд оваа сезона одигра 25 натпревари за Манчестер јунајтед, постигнувајќи 15 голови и шест асистенции.

Во победата (3:0) на Јунајтед над Чарлтон во ЕФЛ купот, синоќа Рашфорд постигна два гола.