Вчера се одигра финалето на Европското првенство помеѓу Италија и Англија кое донеше максимална драма и се решаваше на пенали.
Англичаните први дојдоа до водство со голот на Лук Шо уште во стартните минути, Италија изедначи преку Бонучи, а со 1:1 завршија регуларните 90 минути и продолженијата.
Кулминацијата на драмата следуваше во пенал серијата во која за Англија промашуваа Санчо, Сака и Рашфорд.