четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реакцијата на Антонела при свирежите на навивачите на ПСЖ кон Меси (ФОТО)

Реакцијата на Антонела при свирежите на навивачите на ПСЖ кон Меси (ФОТО)

Некои медиуми веќе објавија дека Меси повеќе не сака да остане во ПСЖ, а наводно неговиот татко веќе стапил во контакт со раководството на Барселона за евентуално враќање на „Камп Ноу“.

Навивачите на ПСЖ го кренаа гласот против првите ѕвезди на клубот по раната елиминација во Лигата на шампионите од Реал Мадрид, а на нивни удар првично се најдоа Лионел Меси и Нејмар.

Обајцата добија свирежи од навивачите за време на дуелот со Бордо кој фаворитот на свој терен го доби со убедливи 3-0 во „Лиг 1“, откако ѕвездите добија свирежи од трибините.

Мечот со Бордо од трибините го проследи и сопругата на Меси, Антонела, па камерите ја „уловија“ нејзината реакција при свирежите кон ѕвездата на ПСЖ.