Европската фудбалска федерација (УЕФА) нема да ги суспендира Реал Мадрид, Барселона и Јувентус откако жалбената комосија ја сопре постапката против трите европски гиганти во врска со формирањето на Суперлигата.
„Триото“ ја доби првата битка против УЕФА, откако од швајцарскиот суд добија потврда дека било каква постапка против овие клубови би била нелегална.
Во Нион се уште не се откажуваат жестоко да ги казната „одметниците“ па најавија дека правната битка ќе продолжи кај сите релевантни инстанци.